Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата проба на пејачката во инвалидска количка која ќе ја претставува Русија на Евровизија

Првата проба на пејачката во инвалидска количка која ќе ја претставува Русија на Евровизија

Откако лани доби забрана за влез во Украина и не можеше да ја претставува Русија на Евровизија, Јулија Самоилова ќе запее на овогодишното издание на популарниот музички натпревар.

29-годишната пејачка ја одржа првата проба на евровизиската сцена во Лисабон, изведувајќи ја баладата „I Won't Break“ качена на врвот на планина.

Јулија Самоилова Јулија Самоилова Јулија Самоилова

„Тоа е песна за секого. Што и да се случува надвор од твојот личен живот, ако одлучиш да не се скршиш, нема да се скршиш“ - вели таа.

Самојлова е во инвалидска количка уште од своето детство, бидејќи поради ′рбетна мускулна атрофија таа ја има изгубено способноста да се движи. Во 2013 година Јулија го освои второто место во шоуто „Фактор А“, руска верзија на „The X Factor“, а во 2014 година таа учествуваше во церемонијата на отворањето на Зимската Параолимпијада.

Јулија Самоилова

Минатата година на Јулија не ѝ беше дозволено да влезе во Украина поради нејзината посета на Крим во 2015, територија која беше припоена кон Русија. Организаторите ѝ понудија на руската пејачка да учествува во натпреварот преку сателит, но таа ја одби понудата.

Дали Јулија ќе ја однесе Русија во финалето ќе се знае на 10 мај, кога ќе се одржи втората полуфинална вечер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.