Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина „Црниот пантер“ на 43 години откако во тајност се ожени додека ја губеше приватната битка со ракот

Почина „Црниот пантер“ на 43 години откако во тајност се ожени додека ја губеше приватната битка со ракот

Филмскиот свет се збогува со Чедвик Боузман, кој најсилен отпечаток остави со улогата во „Црниот пантер“. Имаше 43 години.

Славниот актер во тајност се бореше со рак на дебелото црево. Иако страшната дијагноза ја доби пред четири години, тој никогаш не проговори за тешката битка во јавност и посветено работеше на филмски проекти, кои од физички аспект би биле предизвик и за здрава личност.

Чедвик Боузман

„Тој почина во неговиот дом, а сопругата и семејството беа покрај него“ – стои во соопштението за неговата смрт, како и податокот дека тој минал низ бројни операции и хемотерапиja додека снимал неколку филмови.

Чедвик се верил со неговата сакана Тејлор Ледвард минатата година, а додека ја губел битката со болеста, тие се заколнале на вечна љубов.

Чедвик Боузман Чедвик Боузман

Популарниот актер ги портретираше Џеки Робинсон во „42“ и Џејмс Браун во „Get on Up“ пред да го освои светот како владетел на Ваканда во блокбастерот на Марвел, „Black Panther“.

Чедвик Боузман

По неговата смрт, стана вирално интервју во кое Чедвик не може да ги задржи солзите додека зборува за две деца болени од рак кои со нетрпение чекале да го гледаат „Black Panther“. Никој од неговите фанови не ни помисли дека тоа е и негова битка.

Видео

Славните личности со емотивни пораки го испратија славниот филмски уметник од овој свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.