Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина славниот холивудски актер Берт Рејнолдс

Почина славниот холивудски актер Берт Рејнолдс

Холивудската сцена остана без Берт Рејнолдс. Славниот актер, кој подолго време страдаше од кардиоваскуларни здравствени проблеми, почина како последица на срцев удар. Имаше 82 години.

Берт Рејнолдс

Рејнолд доби номинација за Оскар за „Boogie Nights“, а стекна светска слава со улогите во „Deliverance“, „ The Longest Yard“, „Smokey and the Bandit“, „Hooper“ и „The Cannonball Run“.

За жал, тој имаше донесено и повеќе грешни деловни одлуки. Ја имаше одбиено улогата на Џејмс Бонд и Хас Соло во „Star Wars“.

Берт Рејнолдс

Арнолд Шварценегер е меѓу многуте ѕвезди кои му оддадоа почит. „Берт Рејнолдс беше еден од моите херои. Тој ни го покажа патот како да преминеш од спортист до најплатен актер и отсекогаш ме инспирираше. Тој исто така имаше одлична смисла за хумор“ – напиша тој.

Берт Рејнолдс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.