Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина пејачката од Roxette на 61-годишна возраст по долга битка со рак

Почина пејачката од Roxette на 61-годишна возраст по долга битка со рак

Мари Фредриксон ја изгуби долгата битка со ракот. Пејачката од дуото Roxette почина на 61-годишна возраст.

„Мари ни остави огромно музичко наследство. Нејзиниот неверојатен глас, кој беше и силен и сензитивен, како и нејзините магични настапи во живо ќе бидат запаметени од сите кои имаа среќа да ги проследат. Но, ќе се сеќаваме и на прекрасна личност со огромен апетит за живот и жена со големо срце која се грижеше за секој што ќе го сретнеше“ - се вели во соопштението на менаџментот.

Мари Фредриксон

Мари беше успешен соло изведувач во Шведска, но стекна светска слава во 80-тите години откако со Пер Гесле ја создадоа групата Roxette. Нивните фанови веднаш ќе ги набројат хитовите „It Must Have Been Love“, „The Look“, „Listen to Your Heart“, „Joyridе“ и „Fading Like A Flower“.

Мари Фредриксон Мари Фредриксон

На Мари ѝ беше дијагностициран рак на мозокот во 2002 година, но по лекување со агресивна терапија, таа се опорави и во 2009 година се врати на сцената. Во 2016 година, докторите ја посоветуваа да се повлече и да го стави здравјето на прво место, бидејќи се соочуваше со проблеми предизвикани од радиотерапијата користена за лекувањето на ракот.

„Мари Фредриксон почина утрово на 9 декември како резултат на нејзина претходна болест“ - стои во соопштението на ужаленото семејство.

Мари Фредриксон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.