Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Оливија Њутн-Џон: Ѕвездата од „Брилијантин“ ја изгуби битката со ракот

Почина Оливија Њутн-Џон: Ѕвездата од „Брилијантин“ ја изгуби битката со ракот

Оливија Њутн-Џон замина во легендите на 73-годишна возраст. Ѕвездата од „Брилијантин“ со децении водеше тешки битки со ракот, но не успеа да ја победи болеста.

„Оливија повеќе од 30 години беше симбол на триумфи и надеж со споделувањето на нејзиното патување со ракот на дојка“ – порача нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, кој наместо цвеќиња од фановите побара донации за фондацијата на покојната актерка.

Оливија Њутн-Џон Оливија Њутн-Џон

Оливија првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ - изјави таа.

Во 2013 година, дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а во 2017 година ѝ беше пронајден канцер во крсната коска.

Оливија е најпозната по улогата на Сенди во култниот филм „Брилијантин“.

Оливија Њутн-Џон Оливија Њутн-Џон

Џон Траволта беше меѓу првите ѕвезди кои се простија со Оливија. „Моја најдрага Оливија, ти ни ги подобри животите на сите нас. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се сретнеме пак и ќе бидеме заедно повторно. Твој сум од првиот момент кога те видов и засекогаш ќе биде така. Твојот Дени, твојот Џони!“ – напиша тој.

Оливија Њутн-Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11392 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.