Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Крунослав Киќо Слабинац кој стои зад македонскиот евергрин „Летај ми, летај гулабе“

Почина Крунослав Киќо Слабинац кој стои зад македонскиот евергрин „Летај ми, летај гулабе“

Утрово почина Крунослав Киќо Слабинац во 77-мата година од животот.

Хрватскиот музичар неколку месеци бил во болница по комплексна операција на срцето поради кардиоваскуларни проблеми. Иако операцијата била успешна, за жал, неговото закрепнување било проследено со компликации кои довеле до смрт.

Слабинац е еден од најуспешните пејачи на просторите на поранешна Југославија и најпознат по хитовите „Zbog jedne divne crne žene“, „Plavuša“, „Pokloni mi jedan dan“ и „Tri slatke riječi“.

Крунослав Киќо Слабинац

Македонската публика ја освои со „Летај ми, летај гулабе“, со која настапи на „Макфест“ во 1989 година. Киќо ги сними на македонски јазик и песните „Ангела“ и „Плачам“.

„Крунослав Киќо Слабинац, како многу од неговите колеги со кариера подолга од 50 години, не знаеше да мирува и најголема желба му беше да настапува додека е жив. Желбата му беше исполнета, а ние засекогаш ќе бидеме почестени што имавме можност да соработуваме со него“ – пишуваат од Croatia Records.

Крунослав Киќо Слабинац

„Летај ми, летај гулабе“

„Zbog jedne divne crne žene“

„Plavuša“

„Плачам“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.