Чарлби Дин почина на 32-годишна возраст. Јужноафриканската актерка и модел издиша за последен пат во болница во Њујорк по кратко боледување.
Чарлби ја имаше една од главните улоги во филмот „Триаголник на тагата“, кој беше овогодинешен добитник на Златната палма на Канскиот филмски фестивал.


Често беше ангажирана како модел и има дефилирано на бројни ревии на врвни модни брендови. Пред само четири месеци, таа се вери со својот партнер Лук Чејс Вокер.
Чарлби е родена во Кејптаун во 1990 година. Првите чекори во модниот свет ги направи на 12-годишна возраст, а нејзиното деби на големото филмско платно беше во 2010 година, во јужноафриканскиот филм „Spud“.



Во 2008 година, Дин преживеа страшна сообраќајна несреќа. Таа се здоби со скршеници во зглобот, четирите ребра и лактот и остана со колабирано белодробно крило.
