Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Подобро ќе беше да ми се случеше мене“: Мајкл Бубле за борбата на малото синче со рак на црниот дроб

„Подобро ќе беше да ми се случеше мене“: Мајкл Бубле за борбата на малото синче со рак на црниот дроб

Мајкл Бубле полека, полека се враќа на музичката сцена откако се повлече од неа по дијагностицирањето на неговиот син со рак на црниот дроб. Сега, кога 4-годишниот Ноа ја победи страшната болест, тој се враќа на својата кариера.

Во интервју за „Today Show“, 43-годишниот пејач објаснил дека со сопругата Луисана Лопилато минале низ најлошото нешто како родители.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

„Ужасно е и сè уште е ужасно. Она низ што поминавме е најлошото нешто низ кое можете да поминете како родител и веројатно како човечко суштество.“

„Подобро ќе беше да ми се случеше мене“ – рекол тој.

Бубле додал дека на моменти со Луисана се бореле „за да преживеат и да дишат“ откако на малото момче му била поставена ужасната дијагноза.

Видео

Пред неколку месеци, во интервју за австралискиот весник Herald Sun, Бубле изјави.

„Бев во пеколот. Не зборувам за целата сторија, дури ниту со моите пријатели, затоа што боли премногу. Тој е суперхерој, не треба да го преживува истото повторно. Но, јас бев во пеколот. И знаете што, пеколот изгледа како навистина добро место за одмор во споредба со она каде што бевме ние.“

„Навистина мислев дека никогаш нема да ѝ се вратам на музиката. Семејството е она што е важно. Здравјето на моите деца е на прво место. Односите со моето семејство, со мојата сопруга, мојата вера – сето тоа со леснотија кажувам дека е на прво место... Рак е, па очигледно треба да го следиме, но немаше да го правам ова ако тој не беше во ред“ - изјави Бубле за австралискиот весник Herald Sun.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Лекувањето на Ноа заврши во март минатата година, а на почетокот од оваа година парот потврди дека го очекува третото дете. Малата Вида се роди на средината на август оваа година.

ќерката на Луисана Луисана Лопилато и Мајкл Бубле со децата

Пред неколку дена, Бубле го објави спотот за песната „When I Fall In Love“, најавувајќи го својот нов албум „Love“, кој ќе излезе на 16 ноември.

Погледнете го:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.