Првиот едиторијал по породувањето, Џиџи Хадид го сними за „Вог“. Убавиот модел позираше за модната библија два и пол месеци по раѓањето на првото дете, а во интервјуто раскажа за доаѓањето на свет на ќеркичката Каи.


Хадид се породила дома, без епидурална анестезија, во присуство на нејзиниот сакан Зејн Малик, мајка ѝ Јоланда, сестра ѝ Бела и акушерка. Породилните болки ѝ траеле 14 часа.
„Кога ќе видиш некој да го направи тоа, започнуваш да го гледаш малку поразлично. Веројатно изгледав лудо“ – признава таа.
Целиот процес траел 14 часа пред да роди во базен во спалната соба, а кога Каи пристигнала, Зејн прв ја зел во рацете. „Бев истоштена, погледнав нагоре и тој ја држеше“ – раскажала Џиџи.

За силната болка, таа вели: „Знаев дека морам да одам длабоко. Знаев дека тоа ќе биде најлудата болка во мојот живот. Знам дека мајка ми и Зејн и Бела се гордееја со мене, но во одредени моменти гледав голем страв во нив. По сето тоа, се погледнавме со Зејн и си рековме нешто како ‘Ќе си дадеме време пред повторно да го направиме ова’“.

Ова е прво дете на Џиџи и Зејн, кои неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.


