Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Победниците на Греми 2021: Дознајте во чии раце завршија престижните награди

Победниците на Греми 2021: Дознајте во чии раце завршија престижните награди

Синоќа, во Лос Анџелес беа доделени Греми наградите. На 63-тото издание од престижната манифестација беа наградувани најдобрите во музичката индустрија за годината која измина и која многумина посакуваат никогаш да не се повтори.

Тревор Ноа влезе во улогата на водител.

Били Ајлиш стана првиот солист овој век кој двапати по ред ја има освоено наградата Запис на годината со „Everything I Wanted“. 19-годишната пејачка доби златен грамофон за Најдобра песна напишана за визуелен медиум за „No Time to Die“.

Греми 2021

Тејлор Свифт ја имаше честа да ја заземе челната позиција во категоријата Албум на годината за „Folklore“.

Греми 2021

Бијонсе стана најнаградувана пејачка во историјата на Греми откако го присвои 28-миот златен грамофон. 39-годишната пејачка победи во категориите Најдобра R&B изведба за „Black Parade“, како и Најдобра рап изведба и Најдобра рап песна за „Savage“. Бијонсе

Албумот на Дуа Липа „Future Nostalgia“ стана Најдобар поп албум, додека за Најдобар кантри албум беше прогласен „Wildcard“ на Миранда Ламберт.

Греми 2021 Греми 2021

За Песна на година беше избрана „I Can’t Breathe“ на H.E.R..

Хари Стајлс го присвои златниот грамофон за Најдобра соло поп изведба за „Watermelon Sugar“. Наградата за Најдобра поп изведба на дуо/група заврши во рацете на Лејди Гага и Аријана Гранде за „Rain On Me“.

Греми 2021

Целосната листа на номинирани и добитници на Греми можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.