Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Пловиме во љубов“: Кети Пери и Орландо Блум станаа родители

„Пловиме во љубов“: Кети Пери и Орландо Блум станаа родители

Кети Пери и Орландо Блум му посакаа добредојде на овој свет на нивното прво дете.

35-годишната пејачка и 43-годишниот актер добија ќерка која ја крстија Дејзи Доув Блум. Среќната вест беше објавена од УНИЦЕФ заедно со фотографија од рачето на новороденото девојче.

„Добредојде на овој свет, Дејзи Доув Блум. Ја имаме честа да ви ја претставиме новата радост на амбасадорите на добра волја Кети Пери и Орландо Блум“ – напишаа тие, заедно со порака од новите родители.

„Пловиме во љубов и зачуденост поради безбедното и здраво пристигнување на нашата ќерка“ – стои во нивната изјава.

Кети и Орландо започнаа да се состануваат на почетокот од 2016 година, а се свршија на 14 февруари 2019 година. Дејзи е прво дете на славната музичарка, а второ на Орландо, кој има 9-годишен син со моделот Миранда Кер.

Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.