Пилар Рубио изгледа фантастично во бикини само две недели по породувањето.
Познатата шпанска водителка сподели фотографија со четирите синчиња во базен. На неа, таа позира во црвени бикини, додека во рацете го држи новородениот Максимо Адријано.
Покрај неа се синовите Серхио Џуниор, Марко и Алехандро.



Атрактивниот фит изглед на Пилар се должи на нејзината дисциплинираност и посветеност кон физичката активност. Таа тренираше во текот на целата бременост.
