Пенелопе Круз со елегантен стајлинг мамеше погледи на филмски настан по повод прикажувањето на нејзиниот најнов филм „Loving Pablo“.
44-годишната актерка за свеченоста избра тиркизен сатенски фустан од британската модна куќа Ралф и Русо.







Круз на црвениот тепих позираше со повеќе свои колеги, како и со сопругот Хавиер Бардем, кој ја има главната машка улога во филмот за Пабло Ескобар.


