Хафтор Бјорнсон и Келси Хенсон станаа родители.
31-годишниот актер и неговата 30-годишна избраничка добија синче и ги споделија првите фотографии со него. Келси се породила во вода, а бебето било тешко 3,530 кг и долго 52 см.





„Сите сме добри и се навикнуваме на новиот живот дома“ – напиша среќната мајка.





Хафтор и Келси се еден од славните парови кои каде и да се појават, привлекуваат големо внимание со разликите во висината. Тие започнаа да се состануваат на крајот на 2017 година, а во октомври 2018 година стапија во брак. Хафтор има една ќерка од претходна врска.









Бјорнсон ја има титулата „Најсилниот маж на светот“, а најмногу се прослави со улогата на „Планината“ во хит-серијата „Game of Thrones“.
