Хафтор Бјорнсон и неговата сакана редовно привлекуваат внимание со драстичната разлика во изгледот. Коментарите за разликата во висината и телесната конструкција се засилија откако парот објави дека стапи во брак.
29-годишниот актер и фитнес фанатик, кој ја има улогата на „Планината“ во серијата „Game of Thrones“, се ожени со Келси Хенсон во Исланд. И двајцата споделија фотографии од свадбениот ден и кратки пораки.
„Со огромно задоволство отсега ќе ја викам Келси Хенсон моја сопруга“ – напиша Хафтор, која ја има титулата „Најсилниот маж на светот“.

„Со нетрпение чекам да го влечам овој голем маж до крајот на мојот живот. Те сакам сега и засекогаш и ветувам дека ќе стојам покрај тебе низ сè што животот ќе фрли кон нас. Те сакам!“ – напиша таа.

Пред да се заколне на вечна љубов, двојката беше во врска една година.
