Палома Фејт има убави вести.
39-годишната пејачка сподели дека е бремена со второто дете. Таа објави фотографија од трудничкото стомаче, а во описот напиша дека зачнала по шест постапки за ин витро оплодување.

Со екстремно задоволство споделувам дека сум бремена. Во овој период, ќе објавувам нова музика, па сакав да се чувствувам слободна во моето тело додека тоа се менува пред очите на сите нас! Ја сакам мојата работа и со нетрпение очекувам сите да го слушнете мојот 5-ти албум и ќе настапувам колку што овие луди времиња ќе дозволат (исто и турнеја следната година).
Не сум слаба трудница и исто така мојата бременост е високоризична, поради што би сакала да ги замолам медиумите да не трчаат по мене за да направат непривлечни фотографии, зашто анксиозноста може да биде штетна за мене и за моето бебе.
Ова дете е многу посакувано, тоа беше мое ШЕСТО ин витро и беше вистинска борба да се стигне дотука. Имав многу трауматично породување со првото дете и сум склона на постпородилна депресија. Да бидам мајка е едно од најголемите нешта кои некогаш ми се случиле, но јас ќе отекувам и нема да „сјаам“. Имам намера да бидам многу реална со вас!
До сите трудници кои се вљубени во нивните бебиња, но истовремено се исплашени, ајде да го направиме ова!
Палома го доби своето прво дете со нејзиното момче Лејман Лашин во декември 2016 година.


