Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Опра ќе го прекине своето шоу во 2011г.

Опра ќе го прекине своето шоу во 2011г.

Опра Винфри

Популарната водителка Опра Винфри планира да стави крај на своето шоу, кое во просек допира до 7.1 милиони гледачи дневно. По 25-годишно успешно емитување, „Шоуто на Опра Винфри“ ќе биде прекинато во 2011г.

„Последната емисија ќе биде на 9 септември 2011г.“ – изјави портпаролот на Винфри.

Претставници на CBS телевизијата, која стои зад шоуто, изразија надеж да ја продолжат соработката со Опра.

„Ние имаме огромна почит кон Опра и ѝ посакуваме сè најдобро за во иднина. Знаеме дека сè што таа ќе допре, ќе доживее вистински успех. Искрено се надеваме дека ќе соработуваме со неа во наредните неколку години и многу потоа.“

Но, ова не значи дека 55-годишната Опра ќе се пензионира. Таа планира да создаде ново ток-шоу, кое би требало да се прикажува од 2011г. на телевизиската станица „Опра Винфри Нетворк„.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10259 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.