Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Омилено холивудско дуо: Џулија Робертс и Џорџ Клуни на премиера на новиот заеднички филм

Омилено холивудско дуо: Џулија Робертс и Џорџ Клуни на премиера на новиот заеднички филм

Џулија Робертс и Џорџ Клуни се обединија за нов филмски проект. Омиленото холивудско дуо го промовираше „Ticket to Paradise“, 21 година по нивната прва соработка за „Ocean’s Eleven“.

61-годишниот актер и 54-годишната актерка се зближија во 2001 година на снимањето на „Ocean’s Eleven“ и до ден-денес негуваат цврст пријателски однос.

На премиерата во Лондон, Робертс и Клуни позираа заедно пред фоторепортерите, а беа фотографирани и со неговата сопруга Амал.

Џулија Робертс и Џорџ Клуни Џулија Робертс и Џорџ Клуни Џулија Робертс и Џорџ Клуни Џулија Робертс и Џорџ Клуни Џулија Робертс и Џорџ Клуни

Изгледот на Џулија беше посветен на нејзиното семејство. Креацијата, која доаѓа од модната куќа Александар Меквин, беше украсена со иницијали на нејзините деца (синот Хенри и близнаците Хејзел и Фин). Додадени беа годините на нивното раѓање – 2004 и 2007 година.

Навезени се и нејзините иницијали и иницијалите на сопругот Даниел Модер (ЏР + ДМ), проследени со годината кога стапија во брак (2002).

Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс

Во „Ticket to Paradise“, Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен пар кој заедно патува на Бали за да ја спречи ќерката да се омажи премлада. Погледнете го трејлерот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.