Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новогодишна џез бајка во Битола

Новогодишна џез бајка во Битола

Магичен концерт во Битола ќе го одбележи почетокот на највеселата празнична сезона. По ланската премиерна „Новогодишна џез бајка“, талентите од „Фрагмент“ повторно закажаа концерт на кој со волшебни звуци ќе ги освојуваат љубителите на убавата музика.

Настанот ќе се одржи на 27 декември во 20 часот во Центарот за култура во Битола со поддршка од „Божиновски часовници и накит“.

Новогодишна џез бајка

„Кратки моменти претворени во долги сеќавања, многу желби заокружени со уште повеќе надеж во еден град кој е многу повеќе од ѕидови и згради. Сите ќе ја паметиме годината која ја испраќаме по некоја лична приказна, по некој неостварен сон по чие остварување се уште копнееме, но сите заедно исто така копнееме да се разбудиме во поубава Битола, во која ќе се зборува за враќање на културата, наместо за заминување на младите, во која дишејќи со полн здив повторно ќе го почувствуваме мирисот на нејзината душа и ќе ја слушнеме музиката на надежта. Ве повикуваме во предвечерието на Новата Година заедно да ја посакаме нашата заедничка желба и преку нотите на неприкосновениот 'Фрагмент', да бидеме дел од уште една 'Новогодишна џез бајка', со која ќе се обидеме да ја разбудиме заспаната убавица и бајката за поубава Битола да ја претвориме во реалност“ – порачуваат од „Божиновски часовници и накит“.

Новогодишна џез бајка

Музичарот Давор Неќак откри што се подготвува за гостите на концертот.

Кажете ни нешто повеќе за концертот „Новогодишна џез бајка“.

- Концептот на овој концерт се состои од изведување на новогодишни и божиќни композиции, jazz стандарди и новокомпонирани поп композиции во jazz аранжмани. Но, овој концерт има уште една интересна компонента, која ја прави концертната форма невообичаена. А тоа се театарски фрагменти со новогодишна тематика, кои ги изведуваат актери од Битолскиот театар. Нашата цел е да понудиме една вистинска „бајка”.

Годинава сцената со нас ќе ја делат актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска.

Новогодишна џез бајка

Кој е тимот кој стои зад составот „Фрагмент“?

- Музичкиот тим се состои од исклучителни музичари, и тоа сите битолчани!

  • Јасна Мажевска – вокал,
  • Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон,
  • Марјан Павловски – тапани,
  • Никола Баљари – бас гитара и контрабас,
  • Горан Димитровски – гитара,
  • и јас, кој во бендот свирам пиано и клавијатури. Исто така ги подготвувам и музичките аранжмани, текстовите за театарските фрагменти како и, ајде тоа така да го наречеме, режијата на концертот.
Новогодишна џез бајка

Со каков репертоар ќе ги изненадите битолчани на овој новогодишен концерт?

- Како што споменав репертоарот се состои од традиционални новогодишни и божиќни композиции, и познати поп композиции во Jazz аранжмани, прилагодени на нашиот состав. Имаме неколку изненадувања, кои не би биле изненадувања ако Ви ги кажам. Повелете на 27.12 па „изненадете се”.

Новогодишна џез бајка Новогодишна џез бајка

Кои други активности „Фрагмент“ ги реализира преку целата година?

- Моментално сме максимално фокусирани на овој проект, по завршувањето на концертот, сигурно ќе почнеме да планираме нов проект, за кој уште од сега размислуваме. Нашата идеја и цел е да не останеме само на овие новогодишни концерти, туку да целиме и кон концерти со поинаква тематика.

Има ли слух Битола за култура. Добивате ли поддршка настаните кои ги организирате?

- Битолчани имаат. Минатата година, честитките за концертот траеа околу еден месец. Луѓето беа среќни и пријатно изненадени од нас, беа полни надеж, затоа што и во нивниот град се случи настан кој за нив до тогаш изгледал како да е возможно да се реализира само некаде далеку од нашава земја. Годинава имавме среќа да соработуваме со брендот „Божиновски часовници и накит“, кои несебично, и на нивна иницијатива целосно го поддржаа овој проект. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за нивната поддршка и ангажман околу културниот живот во Битола.

Новогодишна џез бајка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.