Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новак Ѓоковиќ тренира и се забавува со синот Стефан на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ тренира и се забавува со синот Стефан на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ беше фотографиран додека тренираше и се забавуваше со синот Стефан на Вимблдон.

Помеѓу натпреварите, 35-годишниот српски тенисер го користи секој момент за да игра тенис со 7-годишното момче. Покрај нив секогаш се присутни и неговата сопруга Јелена и ќеркичката Тара.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Ноле вели дека Стефан е вљубен во тенисот и дека сам посакал да ги следи неговите стапки и да биде тенисер.

„Се обидувам да ја искористам секоја можност за да играм со него, бидејќи во моментов тој е навлезен во тенисот. Сè се врти околу тенисот, како може да игра, гледа и анализира. Разговараме...“

„Во моментов е вљубен во тенисот. Целосно негова желба е да игра тенис. Се разбира дека ќе бидам покрај него. Никогаш не го присилувам да биде на теренот, но ако сака, се обидувам секогаш да бидам таму и да играм со него.“

„За мене е многу важно да ја имаме таа врска како татко и син пред сè останато, сакам тој да ужива во животот и да се забавува. Пробува различни спортови, тоа е супер важно. Јас растев со скијање, фудбал, тенис, боречки вештини и различни активности. Не сакам кога децата од мали нозе практикуваат само еден спорт. Сметам дека е важно да пробуваат различни нешта, бидејќи тоа му помага во развојот на мозокот и моторните вештини“ – изјавил Новак.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.