Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Новак Ѓоковиќ со семејна фотографија им порача на луѓето да седат дома и да поминат квалитетно време со своите најмили

Новак Ѓоковиќ со семејна фотографија им порача на луѓето да седат дома и да поминат квалитетно време со своите најмили

Новаќ Ѓоковиќ сподели семејна фотографија направена во домашна изолација за да им порача на луѓето да седат дома.

На неа, 32-годишниот српски тенисер прави селфи, а во позадина сопругата Јелена има едукативни активности со двете деца – Стефан и Тара.

Новаќ Ѓоковиќ

Во пораката, тој напиша:

Се молам за сите луѓе, особено за оние на кои поддршката и молитвата сега им е најпотребна. Да оздрават и сите со заеднички сили да го пребродиме овој вирус. Ова се тешки времиња, полни со предизвици. Многу луѓе страдаат и сега е неопходно сите да се обединиме и колективно да сфатиме што треба да правиме за да излеземе од сето ова поздрави, помудри и поблагодарни.

Благодарен сум на големата пожртвуваност и енергијата која ја вложуваат вредни и благородни луѓе од медицината за да им помогнат на големиот број луѓе на кои помошта им е најпотребна. Ве молам, останете дома во карантин за да им помогнете нив да работат најдобро и најефикасно и да им помагаат на луѓето кои се во критична состојба.

Да се обидеме да не ги оптоваруваме уште повеќе. Искрено сметам дека карантинот сега на многумина им е добредојден. Барем мене ми е. Ми дозволува да поминам квалитетно време со моето семејство. Да се смеам, да сакам, да љубам, да се прегрнувам до бесвест со нив. Да сфатам колку тие навидум едноставни работи го прават животот исполнет и комплетен. Постојаното движење (посебно за нас тенисерите) е карактеристично за нас и често не нè држи место. Со останувањето дома не само што ќе помогнеме вирусот да не се шири, туку и имаме можност да си се посветиме на себе и на сите оние потиснати емоции и потсвесни програми за кои никогаш „нема време“.

За таква клучна внатрешна работа мора да постои време во нашите животи и сега нас ни е наметната оваа ситуација како потсетник да се занимаваме со себеси. Да пронајдеме мир, да го вежбаме нашиот ум што почесто да мисли на среќни и позитивни мисли, да се молиме и да молчиме, да пишуваме, да читаме, да пееме, да танцуваме, да свириме, да си играме... Ова е наша шанса да ѝ помогнеме на нашата Мајка Природа да се опорави што побрзо. Сите сме поврзани со еден извор кои ни дава љубов и сила да ги видиме ваквите моменти како шанса за раст.

Се надевам дека сега ќе сфатиме колку многу секој поединец влијае на општата состојба на нациите и планетата. Бог да ве благослови сите и ви посакувам на сите здравје, љубов и мир.

Новаќ Ѓоковиќ

Новак сподели и фотографија од медицински лица од Србија кои порачуваат: „Кој што ќе остане дома е прав херој. Многу помалку работа за сите нас“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.