Новак и Јелена Ѓоковиќ уживаат во семејните моменти и во убавините на природата на Азурниот брег.
Славниот пар сподели приватни фотографии од прошетка на планина, како и љубовни пораки.
„Многу сум благодарен што можам да уживам во овие моменти со мојата љубов...“ - напиша Ноле и постави хаштаг „сроднидуши“.
„Се чувствувам благодарна, благословена и заљубена“ - напиша Јелена на Instagram.
Успешниот тенисер и неговата 31-годишна избраничка ја добија ќеркичката Тара пред само два месеци. Тие се родители и на тригодишниот Стефан.