Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нова холивудска романса: Том Круз и Ана де Армас рака за рака потврдија дека се заљубени

Нова холивудска романса: Том Круз и Ана де Армас рака за рака потврдија дека се заљубени

Том Круз и Ана де Армас ги потврдија гласините дека се во врска.

63-годишниот актер и 37-годишната актерка беа фотографирани додека рака за рака шетаа во Вермонт. Двајцата беа облечени во лежерни комбинации со фармерки, а Том на главата носеше капче.

Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас

Минатата недела, ѕвездата од „Top Gun“ ја поведе новата девојка Ана на концертот на Oasis во Лондон со својот приватен хеликоптер.

Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас

Том и Ана за првпат поттикнаа гласини дека се заедно на Денот на вљубените и оттогаш наваму повеќепати беа фотографирани заедно.

„Том ја опсипува Ана со подароци уште од нивното запознавање. Тоа е негово нешто, многу е внимателен“ – рекол извор близок до парот за DailyMail.

Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас

Том има три деца. 19-годишната ќерка Сури ја има од бракот со Кејти Холмс кој траеше од 2006 со 2012 година, кога таа поднесе документи за развод.

Никогаш не беше потврдена причината за разделбата, но наводно главен фактор беше религиозната определба на Том, односно скиентологијата.

Сури Круз

Претходно, актерот беше во брак со Никол Кидман од 1990 до 2001 година и заедно имаат две посвоени деца – Бела и Конор.

Том Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27839 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.