Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нов моден погодок: Бремената Блејк Лајвли во кратко фустанче од Ели Сааб

Нов моден погодок: Бремената Блејк Лајвли во кратко фустанче од Ели Сааб

Блејк Лајвли постојано нè потсетува зошто стои на листите на најдобро облечени холивудски дами. 28-годишната актерка со уште еден моден погодок мамеше погледи во Њујорк.

Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ беше фотографирана во кратко фустанче од Ели Сааб додека се упатуваше кон студиото на „Today Show“.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Во интервјуто за популарното ТВ шоу, шармантната трудница изјавила дека нејзината ќеркичка Џејмс е најзабавната личност која ја има сретнато во животот. „Секогаш прави нешто забавно и возбудливо. Таа е најзабавното суштество во чија близина сум била во целиот мој живот“ - рекла Лајвли и додала дека сака да има големо семејство.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Блејк и Рајан Рејнолдс го очекуваат своето второ дете. Нивната ќерка Џејмс се роди во декември 2014 година.

По завршувањето на интервјуто, Лајвли беше фотографирана со друг стајлинг. Жолтата креација од Џени Пекам, таа ја надополни со обувки од Кристијан Лобутин и фармерска јакна.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.