Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Никогаш не сум била вака вљубена“: Адел се отвори за плановите за деца и брак со Рич Пол

„Никогаш не сум била вака вљубена“: Адел се отвори за плановите за деца и брак со Рич Пол

Адел е ѕвездата од насловните страници на американското и британското издание на Elle.

34-годишната музичарка, која наскоро ќе ги одржи одложените концерти во Лас Вегас, сними едиторијали во парчиња од брендови како Saint Laurent, Fendi, Pologeorgis, Levi’s, Givenchy и Marc Jacobs. Марио Соренти ги потпишува фотографиите.

Адел Адел Адел

Во интервјуто за Elle, Адел зборуваше за плановите за заедничка иднина со момчето Рич Пол и за проширување на семејството.

На прашањето дали сака повторно да се омажи по пропаѓањето на бракот со Сајмон Конеки, Адел одговорила: „Да, апсолутно“.

„Никогаш не сум била вака вљубена. Опседната сум со него... Можеби и ќе се омажам. Дефинитивно сакам уште деца“ – рекла таа.

Адел Адел

За одложените настапи во Лас Вегас, Адел призна дека била засрамена и дека се чувствувала ужасно, но дека воопшто не ѝ се допаѓала атмосферата и сцената.

„Бев посрамотена. Започнав да се кријам. Тоа беше најлошиот момент во мојата досегашна кариера. Бев многу возбудена за тие концерти. Беше разочарувачко“ – рече таа.

Адел Адел

„Немаше душа во сето тоа. Сценската поставеност не беше правилна. Недостасуваше интимност“ – дополни Адел.

Адел Адел

Адел и Рич започнаа да се состануваат во 2021 година. Истата година беше финализиран разводот со Сајмон, со кого има еден син.

Адел

Нема слични статии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.