Милош Биковиќ за првпат го покажа малото синче, кое го доби пред нешто повеќе од еден месец со Ивана Малиќ.
На фотографијата споделена на Instagram, 35-годишниот српски актер позира со широка насмевка додека во рацете го држи едномесечниот Василије. Бебенцето е облечено во крзнен скафандер.
„Некои важни работи“ – напиша тој во описот.

Претходно, неговата вереница имаше објавено фотографија само од ноџињата на бебенцето.

Милош и Ивана го проширија своето семејство на 9 јануари.
Парот објави дека очекува принова во септември 2023 година откако беше објавена фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Ивана.

Биковиќ и Малиќ за првпат се појавија во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.


