Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најпознатиот модел со облини со моќен есеј им возврати на оние кои ѝ го критикуваат телото

Најпознатиот модел со облини со моќен есеј им возврати на оние кои ѝ го критикуваат телото

Како модел со облини кој направи бум во модниот свет, Ешли Грем постојано добива комплименти и пофалби за самоувереноста и смелоста да сруши илјадници бариери за да стигне до врвот. Но, како и секоја друга славна личност, Ешли не е имуна на негативните коментари.

28-годишната Канаѓанка пред една недела објави фотографија на Instagram, за која доби море од критики од лица кои сметаа дека изгледа многу слаба и ѝ кажуваа дека повеќе не ја гледаат како свој идол или plus-size модел. „Разочарана сум од тебе“, „Ти не се сакаш каква што си. Ти само сакаш да се вклопиш во Холивуд и веруваш дека поубаво е да си слаба“ – се дел од негативните коментари кои Ешли ги доби за фотографијата.

Но, популарниот модел уште еднаш покажа дека има „дебела кожа“ и им возврати на критичарите преку есеј со кој цели да ги мотивира жените да престанат да се критикуваат меѓусебно и да ги убеди дека треба да го сакат своето тело онакво какво што е.

Фотографијата за која Ешли доби критикиФотографијата за која Ешли доби критики

Кренете рака ако минувате низ тежок процес на едитирање на своите селфи фотографии, пред да ја изберете совршената фотографија за на Instagram. Повеќето луѓе не би споделиле фотографија која прави да се чувствуваат помалку убави. Како модел кој работи веќе 16 години, ги знам моите агли, исто како што сите ги знаеме нашите омилени филтри и осветлување и нашите добри страни. Ги избирам фотографиите кои најмногу ми се допаѓаат.

Велат дека никогаш не треба да ги читаш коментарите. Но, јас едноставно не можам да го направам тоа. Социјалните мрежи ми дадоа глас. Моите следбеници се првите луѓе на кои им се обраќам за фидбек за сè што правам, од дизајнирање на долна облека, фустани и костими за капење, до нештата кои ги дискутирам на моите јавни говори. Морам да ги читам коментарите, иако знам дека нема да бидат позитивни. Јас сум самоуверена жена со дебела кожа и како модел пред окото на јавноста, јас сум условена да прифаќам критики. Но, минатата недела признавам дека ми беше тешко да ги отфрлам критичарите.

Додека бев на снимањето на America's Next Top Model, мојот фризер ме фотографира во бело здолниште, складна блуза и прекрасна кожна јакна од Balmain која ја обожавав. Тоа беше една од оние фотографии кои ги гледаш и си велиш себеси: „Да! Изгледам преубаво“. Ни секунда не размислував дали да ја постирам, но за кратко време фотографијата стана вирална. Не за тоа колку добро изгледав носејќи дизајнерска облека која обично не се произведува за жени со моја големина, туку поради погрешните ставови на луѓето за женските тела и кој го поседува правото над нив.

Според коментарите, некои луѓе беа вознемирени што изгледав послаба. (Да ги знам моите агли е едно нешто, но јас мора да сум магионичар за да направам луѓето да мислат дека преминав од конфекциски број 14 на 6 само за една недела.) Вистината е дека немам изгубено ни грам оваа година. Всушност, јас сум потешка отколку што бев пред три години, но го прифаќам моето тело какво што е денес. Вежбам, не за да ослабам, туку за да си го одржам доброто здравје. И ако решам да ослабам, тоа нема да биде поради туѓа одлука, туку поради моја. Сакам да се потам во фитнес сала (пред две години дури и правев видеа со вежби), но јас не се ограничувам да не јадам одредена храна.

За некои личности имам премногу облини. За други сум превисока, премногу гласна, а сега дури и преслаба. Кога ќе споделам фотографија од „добар агол“, добивам критики дека изгледам слаба. Кога објавувам фотографии на кои го покажувам целулитот, стриите и витките, обвинета сум што промовирам дебелина. Циклусот на критикување на телото мора да заврши.

Жените продолжуваат да се растргнуваат меѓусебно, критикувајќи го физичкиот изглед. Каков пример им даваме на младите девојки и како влијаеме на нивната самодоверба, ако ние возрасните жени на Instagram си се нарекуваме „кукавици“ за тоа што сме ослабеле, или „грди“ за тоа што имаме прекумерна тежина.

Да, јас сум жена со облини. Мојата индустрија ме етикетира како „plus-size“ модел, моето општество ме етикетира како „plus-size“ жена. Но јас не сум тука за големината на телото или конфекцискиот број на облеката која ја носам. Јас сум тука за сите жени кои не се чувствуваат комфорно во сопствената кожа и на кои им треба потсетник дека нивните уникатни тела се убави. Горда сум на мојата работа како модел, а уште погорда на работата која ја направив за да ја подигнам свеста за прифаќањето на женското тело и разновидноста во големините во модната индустрија.

Кога ме гледаат, тие се гледаат себеси. Како и да е, одбивам да им дозволам на другите да диктираат како да го живеам мојот живот и како треба да изгледа моето тело. А не треба да дозволите ни вие.

Ако видите друга жена која си прави селфи во костим на капење, охрабрете ја бидејќи се чувствува убава. Не ја гледајте попреку само затоа што сметате дека се преценува. Зошто да губиме време и енергија ширејќи негативност? Ајде да се грижиме за сопствените тела“

Ешли Грем Ешли Грем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12024 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.