Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најбогатата жена на светот почина на 94 години

Најбогатата жена на светот почина на 94 години

Лилиан Бетанкур, наследничката на козметичкиот гигант L'Oréal, почина еден месец пред да наполни 95 години. Веста за смртта ја објави нејзината ќерка.

Лилиан Бетанкур

Со богатство од 44,7 милијарди долари, таа го заземаше 13-тото место на листата на најбогати личности на светот. Таа поседуваше 33% од L'Oréal, компанијата која ја основа нејзиниот татко во 1907 година.

Лилиен, која страдаше од деменција, се повлече од бордот на директори во 2012 година. Иако успеа да се сокрие од медиумските рефлектори, таа беше присутна во медиумите поради нејзините несогласувања со единствената ќерка и наводните обиди за измама од страна на членови не нејзиниот тим, кои го искористувале нејзиното лошо психичко здравје за да се стекнат со пари, уметнички дела и имоти.

Лилиан Бетанкур Лилиан Бетанкур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.