Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Нашето семејство е комплетно“: Роби Вилијамс и Ајда го добија четвртото дете со сурогат-мајка

„Нашето семејство е комплетно“: Роби Вилијамс и Ајда го добија четвртото дете со сурогат-мајка

Роби Вилијамс и Ајда Филд ја прославија љубовта на најубавиот начин на Денот на вљубените. Парот објави дека го доби четвртото дете со помош на истата сурогат-мајка која им ја роди и ќеркичката Колет (Коко) во септември 2018 година.

46-годишниот пејач и 40-годишната актерка во тајност ја чуваа веста дека очекуваат уште едно дете, па Филд ги изненади фановите кога објави фотографија од ноџиња на четири деца. Во описот таа напиша:

„Пронајдете ја разликата... Овој Ден на вљубените би сакале да прославиме за љубовта на најневеројатниот начин... Бо Бенедикт Ентовен Вилијамс. Тој е биолошки наш како што е и Коко, но се роди со помош на нашата неверојатна сурогат-мајка. Благословени сме што го имаме нашиот син здрав и безбеден во нашите раце и ние официјално сме комплетно семејство.“

Покрај Бо и Колет, парот има уште две деца – 7-годишната Теодора и 5-годишниот Чарлтон.

Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд

Роби и Ајда се заедно од 2006 година, а стапија во брак во август 2010 година.

Роби Вилијамс и Ајда Филд Роби Вилијамс и Ајда Филд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.