Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Натали Портман роди девојче пред Оскарите

Натали Портман роди девојче пред Оскарите

Неколку дена пред доделувањето на престижните награди Оскар, Натали Портман објави дека нема да присуствува на манифестацијата. Сега е јасно зошто.

35-годишната актерка се породи четири дена пред Оскарите и роди здраво девојче кое го доби името Амалија.

Натали и Бенџамин

„Мајката и бебето се среќни и здрави“ – пишува во соопштението за јавноста.

Натали се очекуваше да присуствува на Оскарите, бидејќи беше номинирана за наградата Најдобра актерка за филмот „Jackie“.

Натали и Бенџамин Натали и Бенџамин Натали и Бенџамин

Холивудската ѕвезда и францускиот танчар и кореограф Бенџамин Мијипје се запознаа во 2009 година на снимањето на филмскиот хит „Black Swan“ во кој Натали ја имаше главната улога, а Бенџамин беше кореограф. Тие стапија во брак во август 2012 година и се родители на 5-годишниот Алеф.

Натали и Бенџамин Натали и Бенџамин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11470 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.