Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Натали Имбрулија стана мајка на 44 години, роди момче зачнато со ин витро и донор на сперма

Натали Имбрулија стана мајка на 44 години, роди момче зачнато со ин витро и донор на сперма

Натали Имбрулија има среќна вест.

44-годишната пејачка роди момче кое го доби името Макс Валентин Имбрулија. Музичарката позната по хитот „Torn“ сподели фотографија од рачето на синчето и напиша: „Добредојде на овој свет... Макс Валентин Имбрулија. Срцето ќе ми експлодира“ – пораката беше проследена со љубовни емотикони.

Натали Имбрулија Натали Имбрулија

Натали објави дека ќе стане мајка во јули и откри дека бебето е зачнато со ин витро и донор на сперма.

„Не, немам проголтано лубеница. Го очекувам моето прво дете оваа есен. За тие кои ме познаваат, ова е нешто што го посакував долго време и благословена сум што ова е возможно со помош на ин витро и донор на сперма. Нема да зборувам јавно ништо повеќе за тоа. Возбудена сум за авантурата која следува“ – напиша таа.

Натали Имбрулија

Натали пет години беше во брак со Даниел Џонс, од кого се разведе во 2008 година. Тие немаа заедничко дете.

Натали Имбрулија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11153 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.