Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Наместо со Ева Мендес, Рајан Гослинг со својата сестра на Оскар 2017

Наместо со Ева Мендес, Рајан Гослинг со својата сестра на Оскар 2017

Кога беше објавено дека Рајан Гослинг е номиниран за Оскар во категоријата Најдобар актер, фановите започнаа да шпекулираат дека поддршка за големата манифестација ќе добие од својата партнерка Ева Мендес.

Ева и Рајан се еден од паровите кои ретко се појавуваат заедно на свечености, па не е изненадување што актерот од „La La Land“ одлучи со себе да ја поведе својата постара сестра Менди.

Менди привлече големо внимание појавувајќи се во златен фустан со длабоко деколте.

Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017

Рајан не успеа да ја добие златната статуетка, но сигурно се гордее што е дел од мјузиклот „La La Land“, кој освои најмногу награди. Песната „City Of Stars“, која Гослинг ја изведува во филмот, доби награда за Најдобра оригинална песна.

Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017 Оскар 2017

Гослинг и Мендес се во врска од септември 2011 година и заедно имаат две деца – ќерките Есмералда Амада и Амада Ли.

Ева Мендес и Рајан Гослинг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.