Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На Енрике Иглесијас и Ана Курникова им се роди третото дете

На Енрике Иглесијас и Ана Курникова им се роди третото дете

Енрике Иглесијас и Ана Курникова имаат за што да се радуваат. Славниот пар го доби своето трето дете.

Енрике Иглесијас и Ана Курникова

Среќната вест ја потврди неговиот брат, Хулио Иглесијас Џуниор, во интервју за радио емисија.

Тој изјави дека третото дете на Енрике и Ана се роди, но одби да го открие полот на бебенцето.

ВИДЕО:

Веста за бременоста на Ана одекна неодамна, откако таа беше фотографирана со трудничко стомаче.

Ана и Енрике се обидуваат да го чуваат нивниот приватен живот што подалеку од медиумите и јавноста. Тие се во врска 18 години и имаат двегодишни близначиња, Луси и Николас.

Енрике Иглесијас и Ана Курникова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.