Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На Викторија и понудиле да дизајнира хотел за $50 милиони

На Викторија и понудиле да дизајнира хотел за $50 милиони

Викторија БекамВикторија Бекам

Познатата пејачка Викторија Бекам особено напредува во новата професија дизајнер. Откако ги освои модните писти, сега ѝ се дава можност да остави дел од својата креативност во Дубаи.

Бившата членка на Spice Girls лично била побарана од шеикот Mohammed bin Rashid al-Maktoum и добила понуда за работа со огромна заработувачка. Богатиот шеик ѝ понудил на г-ѓа Бекам да дизајнира хотел во Дубаи за астрономска сума од 50 милиони долари.

Хотелот кој треба да го дизајнира Викторија ќе биде лоциран на еден од малите вештачки острови, дел од комплексот The World. Островот ќе биде целосно посветен на модата и ќе се вика Isla Moda.

Сè уште не е познато дали популарната сопруга на Дејвид ја прифатила понудата, но се знае дека ако ја прифати, ќе има можност да соработува со легендарниот Карл Лагерфелд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.