Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Моќна деловна дама во црвено: Амал Клуни три месеци по породувањето се врати на работа

Моќна деловна дама во црвено: Амал Клуни три месеци по породувањето се врати на работа

Амал Клуни им се врати на работните обврски три месеци по породувањето. 39-годишната правничка беше фотографирана на аеродром во Њујорк во модерно деловно издание.

Облечена во црвен женски костум со здолниште од Ботега Венета и чевли од Маноло Бланик, Клуни љубезно им се насмевнуваше на папараците додека се упатуваше кон седиштето на Обединетите нации.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Амал има значајна улога во судската битка против Исламската држава (ISIS). Славната адвокатка има голема заслуга што Советот за безбедност на ОН одобри да се оформи тим за истрага и собирање на докази за да ѝ се суди на ИД за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

„Језидите и другите жртви на ISIS сакаат судска правда и не заслужуваат ништо помалку од тоа“ - изјавила Клуни.

Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни Амал Клуни

Амал и Џорџ Клуни станаа родители на близначињата Александар и Ела во јуни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.