Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Момчето на Бритни ја одби нејзината понуда за брак

Момчето на Бритни ја одби нејзината понуда за брак

Бритни Спирс

Бритни Спирс во моментов е во центарот на последните озборувања од светот на шоу-бизнисот. Во петокот вечерта таа му предложила брак на своето момче, Џејсон Травик, кој веднаш ја одбил.

За време на својата турнеја во Сиднеј, Австралија, Бритни му го поставила судбоносното прашање на Џејсон, кој воедно е и нејзин менаџер. По негативниот одговор што го добила, Бритни наводно е многу разочарана.

Се смета дека токму таа случка ја невела Бритни, за прв пат после неколку месеци, да ѝ се обрати со импровизација на својата публика во Сиднеј.

Таа ја најавила песната Toxic со зборовите: „Дали некогаш сте сакале некого вистински? Дали некогаш сте биле вистински повредени од некого?“

Досега 27-годишната поп-пејачка има оставено зад себе два неуспешни брака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.