Близнаците на Џенифер Лопез запливаа во тинејџерските води.
По повод 13-тиот роденден на Макс и Еми, 51-годишната пејачка сподели видеа и фотографии, а во пораката напиша:
„Моите убави бебиња се тинејџери денес!!! Боже, не ми се верува дека поминаа 13 години откако ве носев дома в раце сред снежна бура. Од таа виулица излегоа два мали кокоси кои ми го преуредија животот и ме научија на вистинското значење на љубовта. Оттогаш, ова е магично патување полно со авантури и радост. Утрово чувствувам многу емоции... Многу сум емотивна денес... многу сум горда и среќна и истовремено срцето ми се крши што не можам да го замрзнам времето. До моите две грижливи, чувствителни и специјални души... кои знам дека ќе го променат и преуредат светот на нивен уникатен начин... мама ве сака подалеку од вечноста“.



Макс и Еми го започнаа нивниот специјален ден со појадок во кревет, а подоцна Еми имаше лекција по свирење гитара со Лени Кравиц.


И вереникот на Лопез, Алекс, им го честиташе роденденот на славениците.
„Среќен роденден Еми и Макс! Благословен сум што ве имам вас двајцата во мојот живот и со нетрпение очекувам да ве видам како продолжувате да растете и да правите неверојатни нешта! Продолжете да се стремите кон ѕвездите! Ве сакам двајцата“ – напиша Алекс и сподели албум со заеднички фотографии и видеа.







Макс и Еми се деца на Лопез од бракот со Марк Антони.



