Роузи Хантингтон-Вајтли деновиве ги „дрма“ улиците во Њујорк. 30-годишната манекенка беше фотографирана во шест модни изданија во Големото јаболко.
Вчера, згодната свршеница на актерот Џејсон Стејтам беше забележана во црна комбинација со леопардско палто.
Претходно, убавиот модел беше „уловен“ во сако со црвени точкички од Magda Butrym, панталони од Zeynep Arcay и чантичка и чизми од Saint Laurent.
Роузи мамеше погледи и во вечерен стајлинг. Блузата е од брендот Magda Butrym, краткото здолниште е дело на Saint Laurent, додека впечатливите чизми и чантата доаѓаат од ателјето на Givenchy.
Сивиот кариран женски костум е дело на Georgia Alice.