Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модерни актерки: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска и Софија Куновска на „Браќа Манаки“ во Битола

Модерни актерки: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска и Софија Куновска на „Браќа Манаки“ во Битола

Во рамките на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола се одржа проекција на новиот македонски филм „Мими“.

Публиката во Градот на конзулите беше освоена од приказната и главните ликови во новиот проект режиран од Даријан Пејовски.

На прикажувањето на филмот присуствуваше голем дел од филмската екипа, меѓу кои Даријан Пејовски, кинематограферот Дејан Димески, актерките Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска и Софија Куновска, како и актерот Петар Мирчевски.

На црвениот тепих, Наталија зачекори во црн кошула-фустан и портокалови сандали, Тамара се појави во минималистички фустан во маслинеста нијанса, додека Софија за настанот избра црна комбинација.

Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска и Софија Куновска Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки

По завршувањето на филмот, екипата беше наградена со голем аплауз.

Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки

Видео од третиот ден на „Браќа Манаки“

Во Офицерскиот дом во Битола, се одржа и прес конференција со Пејовски и Димески.

„Фестивалот ‘Браќа Манаки’ ми е многу драг, доаѓам од 1992 година уште како студент на овој фестивал, и годинава ми е јубилеј-30 години присуство. Фестивалот многу придонесе во мојот развој преку гледање на филмови, комуникација со постарите колеги и секогаш има врвно место во мојата биографија. Ова е моја прва соработка со Даријан Пејовски со кој буквално го изодевме цел филм. Работевме во време на ковид пандемијата и бевме ограничени во движењето, но одлучивме да му дадеме нова димензија на Скопје, ги гледавме локациите, фотографиравме секоја вечер, работејќи речиси четири месеци успеавме во таа намера“ – рече Димески на прес-конференцијата.

Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки

„Ова не е филм кој би требало секому да му се допадне бидејќи обработува теми кои се сензитивни. Од една страна имаме елегантно кадрирање и долги кадри, а од друга страна има прилично грубо светло. Не ги осветлувавме посебно актерите, што во суштина многу ни помогна, особено во тесните простори каде што снимавме, бидејќи тие добија повеќе простор. Внимателно одбравме локации и се добива впечаток дека Скопје е поголем град отколку што е реално“ – истакна Пејовски.

Екипата не е голема, а главните сцени се во два стана и секогаш имало комуникација со актерите. „Сцената со капењето е мошне специфична во три квадрати сме јас, актерката и тонецот. Кога го гледаш кадарот веднаш знаеш дали е добро или не, и што ќе каже режисерот, затоа што си тука во самата сцена, си помагаме меѓусебно со актерот. Со пошироки кадри влегувавме за и самиот актер да ја почувствува енергијата на камерата зошто едно е ако снимаме крупен план на 15 метри, а друго е кога снимаме на 35 сантиметри. Така актерот добива дополнителна енергија. Со сите актерки имавме одлична комуникација, сме соработувале и претходно и сакаат да влегуваат во ликот, и да создаваат“ – вели Димески.

Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки Филмската екипа на „Мими“ на Браќа Манаки

Подводните сцени со бебето се снимале во базен во Куманово со подводен снимател од Словенија и сето тоа е реално. Бебето долго време било тренирано од Наташа Мешковска за да може да се адаптира да нурка под вода, а на снимањето присуствувале и тројца спасувачи, лекар и тројца нуркачи и подводниот директор на фотографија од Словенија, кој кога ја видел сцената рекол дека досега нема работено такво нешто. И актерката Наталија тренирала долго време за да може да плива.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11589 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.