Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мишел Обама сподели дека имала спонтан абортус и дека двата пати забременила со инвитро

Мишел Обама сподели дека имала спонтан абортус и дека двата пати забременила со инвитро

Мишел Обама се отвори за личниот живот, поконкретно за тешкиот пат до мајчинството.

Поранешната прва дама на САД во интервју за ABC отворено зборуваше за кошмарот на секоја жена – спонтан абортус. Мишел пред 20 години доживеала спонтан абортус додека била во првиот триместар од бременоста.

„Се чувствував изгубена и осамена и се чувствував како да потфрлив, затоа што не знаев колку чести се спонтаните абортуси, бидејќи не зборуваме за нив. Седиме во нашата болка, мислејќи си дека на некаков начин сме скршени. Тоа е една од причините што сметам дека е важно да зборуваме со млади мајки за фактот дека спонтаните абортуси се случуваат“ - изјави таа.

Мишел Обама

Исто така, 54-годишната адвокатка и писателка призна дека кога била во средината на 30-тите години сфатила дека биолошкиот часовник е реалност. „Биолошкиот часовник е реален. Продукцијата на јајце клетки е ограничена. Го сфатив тоа кога имав 34 и 35 години. Моравме да направиме инвитро оплодување. Мислам дека најлошото нешто што си го правиме како жени е што не ја споделуваме вистината за нашите тела, за тоа како работат и како не работат“ - сподели таа.

Благодарение на инвитро, Мишел и Барак ги добија ќерките Малија и Саша.

Мишел Обама

Мишел ја подигна завесата на приватниот живот во мемоарот „Becoming“, кој ќе биде пуштен во продажба овој месец.

Мишел Обама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.