Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мислам дека ќе имав повеќе деца ако имав партнер“: Шерон Стоун фантастична во едиторијал за „Вог“

„Мислам дека ќе имав повеќе деца ако имав партнер“: Шерон Стоун фантастична во едиторијал за „Вог“

Шерон Стоун изгледа фантастично во едиторијал за „Вог“ Арабија.

64-годишната актерка, која зад себе има 40-годишна филмска кариера и не планира да запре, како модна кралица позираше во раскошни креации од врвни брендови.

Зухаир Мурад, Долче и Габана, Ели Сааб и Валентино се само дел од модните куќи во чии модели блеска холивудската ѕвезда.

Шерон Стоун Шерон Стоун

Стоун е мајка на три посвоени момчиња. Во интервјуто, таа откри дека во нејзиното семејство неодамна пристигна уште едно дете, чиј родител почина за време на ковид пандемијата. „Сега имам четири деца. Посвоив уште едно момче за време на ковид чиј родител почина. Се работи за дете на мој пријател и тој дојде да живее со нас кога почина татко му“.

„Мислам дека ќе имав повеќе деца ако имав партнер“ – признала таа.

Неодамна, Стоун откри дека има изгубено девет деца поради спонтани абортуси.

Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун

Шерон зборуваше и за користењето на ботокс и филери на лицето. „Имаше периоди во екот на славата кога користев ботокс и филери. Потоа имав масивен мозочен удар и деветдневно мозочно крварење. Како последица на тоа, морав да ставам повеќе од 300 инјекции со ботокс и филери за да си ја вратам едната страна од лицето во нормала“ – изјави Стоун, потсетувајќи се на речиси фаталните здравствени проблеми во 2001 година.

Ова искуство засекогаш го променило начинот на кој Шерон гледа на естетските и козметички зафати. „Се претвори од сладок луксуз, во некаква масивна, болна невролошка потреба“ – рекла таа.

Шерон призна дека поранешен партнер ја остави поради тоа што не сакала повторно да користи ботокс. „Го видов само уште еднаш по тој разговор и потоа не беше повеќе заинтересиран да се гледаме. Ако не ме цениш повеќе од тоа, те молам најди го патот до излезот“ – изјавила таа.

Шерон Стоун Шерон Стоун

Стоун отворено признава дека не се плаши од стареењето. „Не можам да ви доловам колку доктори се обидуваат да ми продадат фејслифтинг. Да, стареам, но искрено мислам дека во уметноста на доброто стареење постои сексуалност во тоа да се имаат тие несовршености. Сензуално е“ – рекла таа.

Шерон Стоун Шерон Стоун Шерон Стоун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.