Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Метју Меконахи ја запроси мајката на неговите две деца

Метју Меконахи ја запроси мајката на неговите две деца

Метју Меконахи конечно реши да ја круниса својата врска со Камила Алвес со свршувачка. На Божиќ, 42-годишниот актер ја побарал раката на Камила и судејќи според фотографијата што тој ја објави, убавата бринета одговорила со „да“.

Камила и МетјуКамила и Метју пред новогодишната елка

„Само што ја побарав Камила за жена. Среќен Божиќ“ – напиша тој на неговата страна на WhoSay.

Камила, која е бразилски модел, официјално започна врска со згодниот актер во 2007 година.

Заедно имаат две деца. Во 2008 година Камила го роди нивниот син Леви Алвес Меконахи, а минатата година тие го зголемија своето семејство со ќеркичката Вида Алвес Меконахи.

Камила и Метју

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.