Андријана Јаневска со семејството отпатува во Барселона.
Македонската пејачка ужива во шпанските убавини со двата сина Димитар и Кристијан и сопругот Драган Гиновски – Гино.
На социјалните мрежи, Јаневска сподели фотографии од фамилијарната авантура.




За време на патувањето, Андријана и Драган прославија 15 години од стапувањето во брак. Талентираната музичарка објави „пред и потоа“ фотографии и напиша: „Пред 15 години и денес“.
На едната фотографија, Јаневска позира со Гино на нивната свадба, а на другата парот позира со двете деца пред познатата катедрала „La Sagrada Familia“.

