Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мел Би тврди дека била тепана и уценувана со секс-снимки од сопругот, кој ја забременил нивната дадилка

Мел Би тврди дека била тепана и уценувана со секс-снимки од сопругот, кој ја забременил нивната дадилка

Мел Би минува низ жесток развод. Поранешната членка на Spice Girls поднесе документи за развод од Стивен Белафонте и побара забрана за приближување.

41-годишната ѕвезда го обвини Стивен дека брутално ја малтретирал физички и сексуално, ја уценувал со секс-снимки и ја принудувал да имаат секс со други жени. Освен тоа, таа тврди дека тој ја забременил нивната дадилка и ја принудил да абортира.

Во судските документи, Мел Би наведува што сè преживеала за време на 10-годишниот брак и дека се плашела за својот живот и животот на своите деца.

Мел Би Мел Би

TMZ објави дел од обвинувањата:

  • Ноември 2007 година: Ноќта на финалето на „Dancing with the Stars“, додека таа се подготвувала дома, Стивен ги ставил двете раце околу нејзиниот врат, започнал да ја дави и ја треснал на дрвениот под.
  • Мел Би тврди дека Стивен ја забременил нивната дадилка. На почетокот, тој сакал таа да го роди бебето и тројцата да живеат заедно, но потоа побарал од неа да абортира. Стивен ѝ платил на дадилката 300.000 фунти од парите на Мел Би.
  • Во 2014 година, во момент на емотивна и физичка истоштеност, Мел Би испила цело шишенце аспирин. Кога се обидела да се јави во брза помош, тој ја пресретнал, ја фрлил во бањата, ја заклучил вратата и ѝ велел да умре.
  • Стивен имал секс-снимки од неа и постојано ѝ се заканувал дека ќе ги објави за да ѝ ја уништи кариерата. Со снимките ја уценувал и заедно да имаат секс во тројка со други жени.
  • Кога Мел Би ќе се обидела да стави крај, тој ѝ се заканувал со насилство и ја предупредувал дека ќе ѝ го уништи животот и дека ќе ѝ ги одземе децата.
Мел Би

Бидејќи Мел Би тврди дека Стивен нелегално поседува пиштол, полицијата пред неколку дена го претресе неговиот дом, но не пронајде огнено оружје.

Мел Би и Стивен стапија во брак на 6 јуни 2007 година во Лас Вегас. Заедно имаат една ќерка – петгодишната Медисон. Таа има и две ќерки од претходни врски.

Мел Би Мел Би

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11251 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.