Додека светот со нетрпение ја очекува нивната свадба следниот месец, Меган Маркл и принцот Хари продолжуваат да ги исполнуваат кралските должности.
Парот присуствуваше на тренинг на спортистите од тимот на Велика Британија кои ќе се натпреваруваат на Invictus Games во Сиднеј во октомври. Станува збор за спортски настан, креиран од принцот Хари, во кој учествуваат повредени или болни воени лица.
За таа пригода, Меган носеше поло маица со логото на Invictus Games, црни фармерки и мантил од брендот Babaton by Aritzia.