Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Марк Антони го очекува седмото дете: Новата сопруга Надја е бремена со нивното прво дете

Марк Антони го очекува седмото дете: Новата сопруга Надја е бремена со нивното прво дете

Седмото дете на Марк Антони е на пат. Неговата нова сопруга Надја Фереира, со која стапи во брак минатиот месец, е бремена со нивното прво заедничко дете.

За Денот на вљубените, 23-годишниот модел и 54-годишниот пејач споделија фотографија, на која таа го покажува трудничкото стомаче.

„Најдобриот подарок за Св. Валентин. Благодарам Боже за овој најголем благослов во нашите животи“ – напиша таа.

Марк Антони и Надја Фереира Марк Антони и Надја Фереира Марк Антони и Надја Фереира

Марк има уште шест деца од претходни врски и бракови. Во 1994 година се роди неговата прва ќерка Аријана, која ја има со бившата девојка Деби Росадо. Додека беа заедно, тие го посвоија синот Чејс.

Од бракот со мисицата Дајанара Торес има уште два синови, Кристијан Маркус Муњиз и Рајан Адриан Муњиз.

Во 2014 година, тој стапи во брак со Џенифер Лопез, која ги роди нивните близнаци Еми и Макс.

Марк Антони и Надја Фереира Марк Антони и Надја Фереира

Ова е прв брак за Надја, која беше финалистка на Мис Универзум во 2021 година.

Марк Антони и Надја Фереира Марк Антони и Надја Фереира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.