Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мараја Кери се отвори за битката со биполарно растројство

Мараја Кери се отвори за битката со биполарно растројство

Мараја Кери за првпат проговори за нејзината битка со биполарно растројство.

Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди.

Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост, чувство на семоќ) и депресија (пасивност, чувство на безволност, безвредност, немоќ, тага и очајување).

Извор: Википедија
Мараја Кери

Во интервју за списанието People, Мараја изјави: „Долго време мислев дека имам тешко растројство во спиењето. Но тоа не беше нормална инсомнија и не лежев в кревет броејќи овци. Работев и работев и работев... Бев раздразлива и постојано се плашев да не ги разочарам луѓето. Испадна дека искусував форма на манија. На крајот секогаш удирав во ѕид. Моите депресивни епизоди се карактеризираа со многу ниска енергија. Се чувствував осамено и тажно – дури и чувствував вина дека не правам сè што треба за мојата кариера.“

Иако била дијагностицирана уште во 2001 година, музичката дива долго време не сакала да се соочи со реалноста и да побара соодветен третман.

„Не сакав да поверувам. Не сакав да ме опкружува стигмата на доживотна болест која би ме дефинирала и има потенцијал да ја заврши мојата кариера... Бев исплашена дека ќе изгубам сè, се убедив себеси дека единствениот начин да се справам со тоа е да го игнорирам. До неодамна живеев во негирање и изолација и константен страв дека некој ќе ме разоткрие. Тоа беше преголем товар и едноставно не можев да продолжам повеќе... Побарав и добив третман, се опкружив со позитивни луѓе и му се вратив на она што го сакам – пишување песни и создавање музика. Колку и да е тешко, знаев дека е време конечно да ја споделам мојата приказна“ - призна таа.

Мараја Кери

Благодарение на соодветните лекови, сега Мараја вели дека растројството е под контрола и таа може без проблем да зборува за тешките моменти.

„Сега сум на добро место во животот и можам без непријатност да ја дискутирам мојата борба со биполарно растројство II. Се надевам дека ќе стигнеме до момент кога стигмата ќе се подигне од луѓето кои сами минуваат низ нешто. Тоа може да биде мошне изолирачки. Тоа не мора да те дефинира и одбивам да му дозволам да ме дефинира или контролира“ - вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.