Матеј Павловски ја претставува нашата земја на светскиот избор за машки модели „Manhunt 2025“.
На настанот во Тајланд, згодниот Македонец со своето мускулесто тело се истакна пред бројните натпреварувачи и ја освои наградата за Најубаво тело.
„Со голема чест и гордост објавуваме дека нашиот модел Матеј ја освои титулата НАЈУБАВО ТЕЛО на денешната церемонија за доделување на наградите MANHUNT 2025 што се одржа во Бангкок, Тајланд“ – пишуваат од агенцијата за модели Max Models.
Финалето е закажано за денес, 10 јуни.




