Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Луисана Лопилато со солзи во очите за време на говорот на сопругот Мајкл Бубле откако тој доби ѕвезда во Холивуд

Луисана Лопилато со солзи во очите за време на говорот на сопругот Мајкл Бубле откако тој доби ѕвезда во Холивуд

Мајкл Бубле доби своја ѕвезда во Холивуд. 43-годишниот канадски пејач беше почестен со 2.650-тата по ред ѕвезда на Патеката на славните.

На церемонијата, Бубле ја доби поддршката од сопругата Луисана Лопилато, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Во својот говор, познатиот музичар зборуваше за семејството и со своите зборови ја трогна Луисана, која не можеше да си ги задржи солзите.

„Колку подолго живеам, толку повеќе сфаќам дека љубовта не е бесплатна. Љубовта има голема цена. Колку повеќе сакаш, толку повеќе се повредуваш. Ѝ благодарам на мојата сопруга, не постои нешто што можам да го кажам кое може да опише што чувствувам за неа и низ што поминавме. Таа е мојот херој и мојата карпа“ – вели Бубле во својот говор.

„Моите деца кои ми дадоа цел во животот и ми ги направија ваквите денови уште послатки, бидејќи сега можам да разберам колку убави се добрите моменти“ – додава тој.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

ВИДЕО:

Мајкл и Луисана се во брак од 2011 година и заедно имаат три мали деца. На нивното најголемо синче Ноа во 2016 година му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но силното момче успеа да се избори со страшната болест.

Луисана го роди нивното трето дете пред три месеци.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.