Во Венеција во тек се големите прослави за стапувањето во брак на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Основачот на Amazon и американската новинарка организираа предсвадбена забава на која беа поканети бројни славни личности.
За оваа пригода, 55-годишната невеста избра креација со ултра тесен корсет од пролетната колекција од високата мода на брендот Schiaparelli.















Меѓу славните гости беа Ким и Клои Кардашијан, Крис, Кендал и Кајли Џенер, Леонардо Дикаприо, Карли Клос, кралицата Ранија, Бил Гејтс и Иванка Трамп.













